Во Собранието денеска и утре ќе се одржи дводневна тркалезна маса посветена на унапредувањето на родовиот паритет и борбата против дигиталното насилство врз жените во политиката.

Настанот ќе се одржи во Големата Купола, а е организиран од Собранието и Интерпарламентарната унија (ИПУ), со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

На отворањето ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, сенаторката од Мексико и претседателка на Бирото на жени парламентарки при ИПУ Синтија Лопез Кастро, претседателката на Клубот на пратенички Јована Тренчевска и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат политичкото учество и лидерството на жените, родовите стереотипи и пречките со кои се соочуваат жените во политиката.

Учесниците ќе разговараат и за дигиталното насилство, како и за начините и стратегиите за негово спречување и за надминување на општествените норми и стереотипи кои го ограничуваат учеството на жените во политичкиот живот.

На двете сесии ќе се разгледуваат меѓународните, регионалните и националните механизми за постигнување родов паритет, со посебен осврт на состојбата и предизвиците во Северна Македонија.

Exit mobile version