Жените од Маврово и Ростуше наместо да преживуваат, научија како да заработуваат од собирање шумски плодови, печурки и производство на мед

Мавровскиот крај изобилува со прекрасна природа која изнедрила разновидни плодови, кои во 21-от век се многу барани и на висока цена на пазарот. Во овој рурален крај со години наназа, претежно жените од околните села собираат шумски плодови, но главно за домашна употреба, без да се охрабрат дека со правилно собирање и подучување во областа на маркетингот, овој крај може добро да се позиционира на пазарот на органска храна.

Проектот „Овозможување на средина за рурален развој преку вреднување и заштита на природните ресурси во Маврово Ростуше“ како дел од Програмата за „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ финансирана од Европската Унија,  а спроведена од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, во изминатите години работеше на подобрување на економската состојба на жените од руралните средини. Со фокус на воспоставување на вредности на собирањето на шумски плодови и печурки, произведување на мед и воведување на концептот на соработка како средство за додадена вредност на производите.

За проектот зборува Ивана Срцева Синадиновска од Здружението за локален и рурален развој

Според Срцева Синадиновска специфичните цели на проектот се зајакнувањето на пазарните можности на жените од руралните средини, зголемување на свеста на локалното население за потенцијалот на биодиверзитетот и неговата оддржлива употреба, како и градењето на капацитетите на жените од руралните средини за одржливо собирање на шумски плодови и печурки и органско производство на мед.

“Покрај обуките за одржливо собирање на шумските плодови, жените од руралните средини беа едуцирани за основите на претприемништвото, креирањето на маркетинг стратегија и развој на бизнис план. Со проектот придонесовме за подигање на свеста за потребата од зачувување на биодиверзитетот и неговата оддржлива употреба. Преку доделената помош во вид на опрема за собирање, обработка и пакување на шумските производи и помош за органските одгледувачи на мед се зајакна економската положба не само на жените од руралните средини, туку и на нивните семејства воопшто”.

Исто така, преку проектот е организирана студиска посета во Албанија, каде жените од руралните средини имаа можност да разменат искуства, практики и идеи во поглед на изработувањето на традиционални производи и нивниот пласман на пазар.  

Со проектот „Овозможување на средина за рурален развој преку вреднување и заштита на природните ресурси во Маврово Ростуше“ младите и жените од руралните средини кои се собирачи на шумски плодови и печурки и производители на органски мед добија сериозна поддршка и знаење како она што во минатото за нив било хоби и ситна заработувачка да прерасне во сериозен бизнис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега