Жена скокнала од терасата на ГТЦ - момче се обидело да ја спаси но не успeало
Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо.
Како што објави порталот, очевидци изјавиле дека жената се премислувала дали да скокне, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало.
Според истите информации жената е жива и има телесни повреди.
14.11.2023 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа