Приказна за неверојатна сила, надеж и љубов ја следи оваа девојка за која многумина велат дека е медицински феномен. Имено, Алекс Симпсон немала мозок при раѓање, таа е родена без него и лекарите не ѝ предвиделе среќен крај. Сепак, ова храбро девојче решило да ги изненади сите и да покаже дека сè е можно и дека никогаш не треба да се губи надежта.

Оваа „чудотворна“ жена, која нема мозок, како што ја нарекуваат, живее во Небраска и на 4 ноември го прослави својот 20-ти роденден и со тоа стана вистинско медицинско чудо иако експертите велеа дека нема да доживее пет години.

На родителите првично им било кажано дека нивната ќерка е совршено здрава и покрај тоа што нема мозок, сè додека скенирањето два месеци подоцна не открило дека Алекс има хидраненцефалија – ретка состојба поради која таа има само мал дел од мозочното ткиво, со големина на мал прст, во основата на черепот, се вели во извештајот.

Потоа на семејството од Небраска им било кажано дека девојчето нема да го прослави својот четврти роденден.

-Пред 20 години бевме исплашени, но мислам дека верата е она што нè одржа во живот – рече Шон Симпсон, таткото на Алекса.

Woman born with no brain turns 20 in medical ‘miracle’ https://t.co/pEQO3XsRA7 pic.twitter.com/ruC7885Rfq— New York Post (@nypost) November 9, 2025

Иако на Алекс ѝ недостасуваат деловите од мозокот одговорни за видот и слухот, нејзиното семејство верува дека таа е многу посвесна отколку што мислат луѓето.

– Да речеме, ако некој е под стрес околу неа. Можеби ништо не се случува, можеби има целосна тишина, но Алелс ќе знае. Ќе почувствува нешто. На пример, ако мојата баба има болки во грбот, таа ќе ги почувствува, тоа е неверојатно – рече нејзиниот брат СЈ (14).

Тој исто така изјави дека е горд што е брат на Алекса и дека поминал многу време истражувајќи ја нејзината состојба за да научи како да ја поддржи. Нејзината сила е она што го инспирира целото семејство Симпсон, кои ја нарекуваат „чудо“.

Нејзиниот извонреден развој и способност да ги чувствува луѓето околу неа, и покрај нејзините физички ограничувања, ја инспирираат нејзиното семејство и сите што ја познаваат.

Exit mobile version