Жена прегазена со камион на раскрсница во Битола

Тешко повредена 72-годишна жена од Битола, кога во неа удрил камион.

Несреќата се случила вчера претпладне на крстосницата од ул.„8 Септември“, ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул.„Новачки пат“ во Битола. Камионот „ман“ со битолски регистарски ознаки, го управувал Б.В.(63) од с.Ношпал, општина Могила.

М.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

21.09.2023 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега