На 23.02.2026 во 08:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.В.(52) од Индонезија.
Таа се сомничи дека на 21.02.2026 околу 19:15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, од вработена во објектот одзела мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

