Жена била прогласена за почината од коронавирус: Девет дена по погребот се вратила дома!

85-годишна жена од Мадрид за која семејството мислело дека починала од коронавирус, ги изненадила своите најблиски кога се вратила во домот за стари девет дена по својот погреб!

Како што пренесуваат медиумите, дошло до забуна поради која на семејството на Рохелија Бјанко му било јавено дека таа починала од коронавирус, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да присуствуваат на погребот.

Сè започнало кога Рохелија добила позитивен резултат на тестот за коронавирус, па заедно со другите заразени жители на домот ја префрлиле во друг дом специјализиран за лечење.

Дошло до забуна откако жената со која била Рохелија во соба починала, а по грешка било евидентирано дека починала Рохелија.

Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее во истиот дом за стари лица.

„Не можев да поверувам. Ја оплакав смртта на мојата сопруга!“, рекол Рамон за локалните медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега