Машинскиот извршен персонал во железницата од денеска, од 13 часот, стапи во бојкот на работата. Ова значи дека вработените се присутни на работните места, но не ги извршуваат работните обврски.
Како директна последица од бојкотот, патничкиот железнички сообраќај е во прекин – возот за Битола не замина, а откажан е и најавениот воз за Гевгелија.
Од Синдикатот на машиновозачи предупредуваат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Тие очекуваат повик за средба и преговори.
Клучни барања на вработените (вкупно 603, од кои 46 се активни машиновозачи):
- Исплата на прекувремените часови.
- Исплата на бонус плата за оние кои направиле над 150 прекувремени часови.
- Покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци.
- Исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа.

