Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска информира дека е забележано зголемено ниво на повеќе реки во земјава, во однос на просекот за месец декември.

Повисок водостој се бележи на:

  • Пчиња кај Катлановска бања
  • Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија
  • Треска кај Македонски Брод
  • Црна Река кај Новаци
  • Црн Дрим кај Ложани
  • Сатеска кај Ботун

Водостоите на трите природни езера – Охридското, Преспанското и Дојранското – според денешните мерења на УХМР се во рамки на просекот.

Според прогнозата на УХМР, утре се очекуваат локални врнежи од дожд, кои постепено ќе се намалуваат во попладневните часови.

До крајот на неделата, времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура. Исклучок ќе бидат котлините, каде е можна појава на магла.

За Скопје е најавено облачно време со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Exit mobile version