Земјотрес го стресе Маврово
Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 23 часот и 43 минути е регистриран на територија на Македонија.
Според ЕМСЦ, земјотресот е со епицентар кај Маврово, а на длабочина од 1 километар.
Дел од тамошните жители пишуваат дека земјотресот бил краток, но јак, проследен со звук.
06.03.2021 - 23:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа