Земјотрес утрово е регистриран на југот на Италија, а според првичните информации на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол.

Потресот бил на мала длабочина, односно хипоцентарот е лоциран на околу два километра под површината на земјата.

Жителите на Неапол и околните населени места преку социјалните мрежи известуваат дека земјотресот траел повеќе од 20 секунди.

Во одделни делови од регионот дошло и до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Граѓаните исто така споделуваат информации дека во дел од продавниците и домовите паѓале предмети од полиците.

Засега нема официјални информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

Надлежните италијански служби соопштија дека ја следат состојбата на терен.

Exit mobile version