Земјоделци од струмичкото село Баница учествувале во тепачката со стапови

 Полицијата ги идентификуваше учесниците во тепачката со стапови во селото Облешево, која синоќа беше објавена на социјалните мрежи. Станува збор за жители на струмичкото село Баница, кои продавале земјоделски производи.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во пишано соопштение информира дека настанот е пријавен вчера во 12:15 часот во полициската станица Кочани.

– На автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица, сите од струмичкото село Баница при што биле употребени и дрвени предмети, се вели со соопштението.

За сите учесници во тепачката се изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега