Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски: Украина ќе има фонд од 3,5 милијарди долари за набавка на американско оружје

    Зеленски: Украина ќе има фонд од 3,5 милијарди долари за набавка на американско оружје

    17.09.2025 во 21:501 Min Read
    ФОТО: Facebook/Володимир Зеленський
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украина очекува до следниот месец во фондот за набавка на оружје од САД да има околу 3,5 милијарди долари, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Како што пишува AP, финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни барања на Украина (PURL) ги обединува придонесите на членките на НАТО, освен Соединетите Американски Држави, со цел да се купи американско оружје, муниција и опрема.

    „Од нашите партнери добивме повеќе од 2 милијарди долари токму за PURL програмата. Дополнителни средства ќе добиеме во октомври. Мислам дека ќе имаме околу 3,5–3,6 милијарди долари.“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со претседателката на Европскиот парламент Роберта Метсола. 

    Зеленски не откри детали за тоа кое оружје ќе биде во првите пратки, но нагласи дека тие сигурно ќе содржат ракети за противвоздушните системи Patriot и за повеќецевните ракетни системи HIMARS.

    Системите Patriot се клучни за одбрана од руските ракетни напади, додека HIMARS значително ја зголемија способноста на украинската армија за прецизни удари.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница

    06.10.2026 во 23:41

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.