Денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер за нацрт-верзијата на новиот мировен план на САД за прекин на војната во Украина, објави порталот РБК-Украина, повикувајќи се на извори.

Европските лидери планираат утре да одржат итен состанок на самитот на Г20 во Јужна Африка за да разговараат за мировниот план на САД.

Според „Гардијан“, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наскоро би можела да разговара со Зеленски.

Exit mobile version