Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Си-Ен-Ен“ упати остар напад кон рускиот лидер, тврдејќи дека Владимир Путин никогаш немал искрена намера да ја запре војната во Украина. Според Зеленски, Москва само ја „играла играта“ за преговори поради страв од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Путин никогаш не сакаше да ја запре војната. Стравуваа од потезите на претседателот на САД, Доналд Трамп и од притисокот од Америка. Затоа ја играше оваа игра, наводно барајќи преговори“, изјави Зеленски.
Тој потенцираше дека без значителен притисок од Вашингтон, Путин нема да седне на преговарачка маса, туку ќе продолжи со ултиматумите за повлекување на украинските сили од сопствената територија. Зеленски предупреди дека апетитите на Кремљ нема да запрат само со сегашните барања.

