Основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната во Украина е подготвен, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски, наведувајќи дека се подготвени вкупно 20 точки од мировниот план, како и дека се завршени нацрт-документите за безбедносни гаранции меѓу Украина и партнерските земји и нацрт-документот за обнова на земјата.
„Според мене, сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе направено. Постои план од 20 точки. Не е сè совршено, но планот постои“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Украинскиот претседател додаде дека се подготвени рамковни документи за безбедносни гаранции меѓу Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и посебен билатерален документ за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон, кој треба да го разгледа Конгресот на САД, вклучувајќи детали и доверливи анекси.
- Нетанјаху: Иран веќе не е ист, нуклеарната програма на Техеран е нашата следна цел
- Полицијата влезе во скопско – Едно лице приведено
- Пресврт на петок 13-ти: Три знаци ги чекаат пари и награди – Проверете дали сте меѓу нив
- Уште една трагедија во Македонија – Младо момче почина од струен удар
- Трагедија ја потресе Македонија: Младо момче пронајдено мртво во стан
- Хорор во Германија: Балканец намамен за работа, па присилен да му го даде бубрегот на шеф на романски клан
- За влакно избегната експлозија во Кочани – Беснеел голем пожар, две лица вдишале чад
- (ВИДЕО) Тревога во базата Инџирлик: Сирени и мистериозен објект на небото над Турција

