Close Menu
Press24
    Најново

    Од -5 на 20 степени – Температурите утринава низ Македонија

    12.03.2026 во 09:06

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот

    12.03.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од -5 на 20 степени – Температурите утринава низ Македонија
    • Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата
    • Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
    • Нафтата драстично поскапе – Цените пораснаа преку ноќ
    • Слета третата група македонски државјани од Блискиот Исток – Муцунски вели безбедноста еостанува врвен приоритет
    • Тажна вест: Почина Кили
    • Билтените се полнат со вести за насилства – Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
    • Средношколци од Битола одблизу ја запознаваат работата на Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

    Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

    06.12.2025 во 11:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев, јави ДПА.

    Јермак повеќе не е ниту член на врховната команда на украинските вооружени сили, покажуваат две претседателски уредби објавени вчера.

    Јермак, долгогодишен сојузник на украинскиот претседател, поднесе оставка од функцијата шеф на кабинетот на Зеленски минатата недела, откако антикорупциските власти извршија претреси во неговите простории.

    Сè уште не е јасно дали претресите се поврзани со аферата што се опишува како најголема корупциска афера во земјата од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, а која вклучува наводно мито во врска со енергетски набавки.

    Јермак, исто така, беше главен преговарач од страна на Киев за прекин на војната. Оваа позиција сега ја зазема поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров.

    Јермак беше на чело на претседателската администрација од февруари 2020 година и важеше за втора највлијателна личност во Украина. Набљудувачите го гледаат неговото принудно заминување како сериозен удар за Зеленски, кој загуби долгогодишен доверлив советник, пренесува ДПА.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.