Зекирја Таири од коалицијата ВЛЕН е новиот пратеник во Собранието кој ќе го пополни испразнетото место на Беким Сали. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатираше дека на Сали му престанува мандатот откако вчера беше избран за нов министер за евроинтеграции.
Како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, постапката за верификација на мандатот на наредниот кандидат од листата во Изборната единица 1 е веќе спроведена.
„Кандидатот Зекирја Таири во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник за остатокот од периодот“, истакна Кондарко. Уверението е веќе подготвено и ќе биде доставено до Собранието за конечна верификација.

