Зечевиќ: Членството во ЕУ е нашиот нов, 4-ти Илинден

 

„На 120 годишнината од илинденското востание, од нашиот прв Илинден, како македонската парадигма за слобода и непокор, за заедништво и сплотеност, дојде време да го поставиме новиот камен-темелник во македонската историја. По 903-та, 44-та, 91-та, ЕВРОПСКИОТ СТОЛБ ЌЕ БИДЕ НАШАТА ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА  РЕПУБЛИКА“, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ по повод Илинден.

„Заедничка татковина на сите кои живееме и бескрајно ја сакаме. Врз делата и наследството на нашите херои, илинденци, партизани, партизани, преродбеници...на сите кои се вградиле во темелите на државноста.

Врз идеалите на Крушевската република, антифашистичката борба, создавањето на современата македонска држава.ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е НАШИОТ НОВ, 4-ТИ ИЛИНДЕН!

Како што храбрите мажи и жени на Илинден се обединија, така и ние треба да се обединиме за европската иднината, зад европска Македонија“, стои во неговата честитка.

Меѓудругото, порача дека борбата за македонската европска иднина е борба за младиот човек, за сигурна иднина на следните наши генерации.

„Рамноправни во големата Унија на европски нации. Секогаш, свои на своето. Со вграден македонскиот идентитет во европскиот, со подобар животен стандард, во европска држава. ЗА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИДНИНАТА АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРА, НАЦИЈА, ПОЛИТИЧКА ИЛИ ДРУГА ОПРЕДЕЛБА, КАКО НА ВТОРИ АВГУСТ ‘903-ТАТА, ДА ЗАСТАНЕМЕ НА СТРАНАТА НА СОВРЕМЕНИОТ ПАТРИОТИЗАМ, ЗА ГОРДА И ДОСТОИНСТВЕНА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА!

За многу години Илинден!Нека ни е вечна и вековита Европска Македонија“, се додава во честитката на Зечевиќ!

02.08.2023 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега