Здрав и вкусен: Домашен сладолед со само три состојки

Овој домашен сладолед од само три состојки ќе стане омилен на сите во вашиот дом! Неверојатно е лесно да се подготви, со помош на калапи за сладолед, а во подготовката може да ги вклучите и најмладите!

Состојки:

600 милилитри густ јогурт

Четири лажици мед

400 грама боровинки (или друго овошје по желба)

Подготовка:

 

Измијте го овошјето и 300 грама изблендирајте го во блендер, оставете ги настрана.

Изматете го јогуртот добро со медот и изблендираното овошје, а потоа додадете го остатокот од овошјето. Истурете ја добиената мешавина во калапи, ставете ги стапчињата и оставете ја во замрзнувач најмалку четири часа, по можност преку ноќ. Пред сервирање, натопете ги калапите во топла вода за полесно да го извлечете сладоледот.

Уживајте!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа