Заврши седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Донесени повеќе кадровски одлуки

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва одржа седница на која се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, односите со Бугарија, а беа донесени и повеќе кадрови одлуки, информираат од партијата во писмено соопштение испратено до медиумите.

Нов претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ е Бојан Христовски.

Христовски е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции. Христовски беше и директор на ЈП „Градски паркинг“ Скопје.

Нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово е пратеникот Александар Велјановски. Има долгогодишно работно искуство како самостоен стручен соработник во ЈЗУ Здравствен дом Тетово и директор на КПУ Воспитно поправен дом Тетово, информираат од партијата.

06.02.2023 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега