Инспекторите на Град Скопје започнаа со изрекување парични казни за граѓаните кои не ја почитуваат забраната за одлагање отпад во периодот од 22:00 до 06:00 часот наутро. Досега со казни од по 50 евра се соочиле 60 лица, откако заврши периодот на адаптација и информирање.

Иако главните булевари во градот се чисти, состојбата во внатрешноста на маалските зони е поразлична, каде и понатаму се забележува преливање на отпад околу контејнерите. Од Градот Скопје велат дека мерката веќе дава резултати во однос на воспоставување ред и дисциплина.

Покрај санкциите за граѓаните, засилени се и контролите во индустриските зони:

„Инспекторите за животна средина во последните три месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и општина Сарај, со казни што се движат од 1.000 до 53.000 евра.“

Exit mobile version