Close Menu
Press24
    Најново

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите

    20.02.2026 во 23:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
    • Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
    • Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
    • Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
    • Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
    • (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
    • Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
    • Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши изборната кампања за Локалните избори 2025

    Заврши изборната кампања за Локалните избори 2025

    18.10.2025 во 09:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заврши изборната кампања за Локалните избори 2025 и на полноќ почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври. 

    Правилата за изборен молк важат од 18 октомври, заклучно со 19:00 часот на 19 октомври. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.

    Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

    Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

    На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. 

    Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16. 

    Право на глас на Локалните избори имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот избирачки список со лица кои се одјавиле и се на привремена работа и престој во странство, 2 162 гласачи кои се на издржување казна затвор или притвор и  450 гласачи кои ќе остварат гласачко право во старските домови. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. 

    Први денеска гласаат 8851 болни и немоќни лица кои во своите домови ќе бидат посетени од членови на избирачките одбори и чии барања беа прифатени од ОИК, 2 162 затвореници во казнено-поправните домови, 450 лица во старските домови и лицата кои се на издржување мерка куќен притвор.

    На денот на изборите, утре гласањето ќе почне во 7:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот.

    Гласачите на избирачкото место ќе можат само еднаш да одат за да гласаат иако има гласање и за градоначаланици и за советници, а во Скопје се гласа и за градоначалник на главниот град и за прв човек на општината, како и за двата совети. Се гласа тајно, а на овие избори како и на минатите за идентификација на избирачите освен лична карта или пасош ќе се прави и со т.н. фингерпринт апарати. 

    На минатите Локалните избори во 2021 првпат беше воведен уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката на гласање.

    Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    Популарно

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

    20.02.2026 во 19:25

    Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин

    20.02.2026 во 22:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.