Застрелано куче во Скопје, пријава стигнала до ЦУК

 

Вчера (27.2.2023 година) попладне, на единствениот телефонски број за итни случаи Е-112, граѓанин пријавил дека има застрелано куче на улицата Борка Талевски број 70, што е речиси на границата меѓу скопските општини Центар и Карпош, но сепак на територијата на општина Карпош, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму велат дека „веднаш, по трансферираниот повик од 112, во Секторот за операции и координација на ЦУК, регионалниот ЦУК Скопје ги известил комуналниот инспектор на Град Скопје, локалната самоуправа – Општина Карпош и Центарот за информации и комуникација на МВР за понатамошна постапка во согласност со процедурите на известените институции при вакви случаи“.

Истражувањето на случајот и утврдувањето на фактите при ваквите и слични случаи, како и преземањето оперативни активности, е во насока за придонес за зголемување на безбедноста на граѓаните. Од Секторот за операции и координација при ЦУК во 15 часот е извршено повторно јавување за следење на континуитетот на пријавениот случај во согласност со стандардните оперативни процедури: прво, до комуналниот инспектор на Град Скопје, кој потврдил дека е јавено на „Комунална хигиена“; второ, до контакт-лицата од локалната самоуправа, Општина Карпош, при што повратно е добиено известување дека потребните институции знаат за  телото на кучето и потоа, трето, до надлежните од полицијата, кои потврдиле дека била пратена екипа за увид на настанот во согласност со процедурите при вакви случаи“, велат од ЦУК.

Потоа, при комуникацијата и координацијата на активностите за конкретниот случај за застрелано куче во Скопје, Дежурниот оперативен центар при Секторот за операции и координација при ЦУК, по телефонска комуникација и контакт со надлежните служби на МВР, во согласност со оперативните стандардни процедури на ЦУК и по пат на електронски имејл-службени пораки, ја продолжи комуникацијата во интерес за повратни информации за пријавениот случај за застрелано куче во општина Карпош, во корелација со процедурите и надлежностите на институциите од системот за управување со кризи, се вели во соопштението од институцијата.

28.02.2023 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега