Close Menu
Press24
    Најново

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:12

    Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка

    08.07.2026 во 15:09

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Засилени контроли на пазарот на ѓубрива: ДПИ ги проверува цените и залихите кај трговците

    Засилени контроли на пазарот на ѓубрива: ДПИ ги проверува цените и залихите кај трговците

    24.04.2026 во 11:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави интензивирање на инспекциските контроли на пазарот на ѓубрива. Акцијата се спроведува во согласност со владините одлуки за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство, при што инспекторите ќе вршат строг надзор врз почитувањето на пропишаните цени и залихи.

    „ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да постапуваат во согласност со донесените одлуки, со цел обезбедување фер пазарни услови и заштита на интересите на земјоделците и граѓаните. Државниот пазарен инспекторат останува посветен на доследна примена на законите и заштита на економската стабилност“, соопштија од ДПИ.

    Контролите ќе се фокусираат на примената на новите ценовни лимити. Кај неорганските ѓубрива, највисоката цена се утврдува врз основа на цените што се применувале на 15 април 2026 година, намалени за 10 проценти.

    Дополнително, се ограничува бруто-профитната маржа во трговијата на големо и мало. За неорганските ѓубрива таа смее да изнесува до 5 проценти, додека за органските ѓубрива, органо-минералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата, маржата е ограничена до 10 проценти.

    Инспекторатот потсетува дека сите трговци се должни да обезбедат континуирано снабдување на пазарот. Овие владини одлуки ќе се применуваат заклучно со 31 мај 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:12

    Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка

    08.07.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.