Запрено истекувањето на гас од „Северен тек 2“

Данската агенција за енергетика објави дека гасот прекинал да истекува од оштетениот „Северен тек 2“.

Агенцијата објави дека компанијата која управува со гасоводот ја информирала дека притисокот во гасоводот кој тече од Русија до Германија е стабилизиран.

„Ова укажува дека истекувањето на гас е прекинато“, соопшти агенцијата.

01.10.2022 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега