Поради проблеми со напојувањето со струја на возовите и дефект на еден воз денеска е во прекин сообраќајот под Ла Манш, соопшти железничката компанија „Еуростар“ (Eurostar).

Компанијата ги повика машиновозачите да ги одложат патувањата во возовите што превезуваат возила и патници помеѓу Франција и Велика Британија.

-Им препорачуваме на сите наши патници да го одложат своето патување за друг датум. Ве молиме не доаѓајте на станицата ако веќе немате билет за патувањето, се наведува во соопштението на „Еуростар“.

Подводниот железнички тунел под Ла Манш е долг 50,5 километри и ги поврзува Фолкстон во Англија со Кокел во северна Франција. Низ него сообраќаат патувачки и товарни возови.

Exit mobile version