Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Ниш, во соработка со Службата за контрола на дрога, го уапсија Н. Г. (43) од Суботица под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Акцијата е спроведена по наредба на Вишото јавно обвинителство во Ниш. Полицијата го запрела „Мерцедесот“ што го управувал осомничениот на автопат во Ниш, при што во возилото се пронајдени вкупно 20 килограми таблети за кои се сомнева дека се на листата на психоактивни супстанции.

Дополнително, при претресот се пронајдени и помала количина супстанца за која се сомнева дека е кокаин, како и поголема сума девизи за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотични дроги. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

Exit mobile version