Запознајте ја Валентина, првата трансродова манекенка во Спортс Илустрејтед (ФОТО)
За време на 56-годишното постоење на Спортс Илустрејтед магазинот ги поставуваше актуелните стандарди за убавина кои со текот на времето еволуираат.
Од Тајр Бенкс која во 1997 беше првата темна моделка на насловна страница, преку Ешли Грахам, која по две декади стана првата плус-сајз модел на нивните страници, до Халиме Аден, која лани на снимањето носеше хиџаб, овој магазин ги поместува границите на модната индустрија.
Во следниот број тоа повторно ќе го направи. Валентина Сампаио е првиот трансродов модел на нивната насловна страница.
Оваа 23-годишна Бразилка лани го привлече вниманието на јавноста откако се стана заштитно лице на кампања на Викторија Сикрет.
-Бев многу среќна кога слушнав. Ова е нереално. Снимање за СИ отсегаш ми било желба, ова е остварување на сон и неверојатно достигнување. Во мојот живот имаше страв и маргинализација, а сега сум дел од магазин кој навистина цени различност, ова навистина го менува животот, изјави таа за магазинот Пипл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа