Започнува втората сезона на регионалниот eSport гејминг турнир

 

Започнува втората сезона на регионалниот eSport гејминг турнир.

Пријавувањето е отворено од 25-30 април, а натреварите започнуваат на 15 мај.

Целта на натпреварот е поврзување на младите од Европа и од светот.

Започнува втората сезона на TelekomeSportsChampionship, повторно во организација на Македонски Телеком, Хрватски Телеком и Црногорски Телеком. Оваа година, освен натпреварувачите од Македонија, Хрватска и Црна Гора, во натпреварувањето ќе можат да учествуваат и играчи надвор од Адрија регионот, односно од други држави во Европската Унија, Велика Британија и Швајцарија. Пријавите се отворени од 25-30 април на esports.telekom.com а учесниците ќе се натпреваруваат во три игри: Counter-Strike: Global Offensive, FIFA23 и League of Legends.

Целта на овој турнир не е само играње видео игри, туку и поврзување на младите од Европа и светот, без разлика на културолошките разлики, земјите од кои доаѓаат и јазикот на кој зборуваат. Наспроти распостранетото мислење дека младите сè повеќе се повлекуваат онлајн поради новите технологии, Телеком преку овој натпревар сака да ги разбие предрасудите и да покаже дека е-спортот ги поврзува луѓето, поттикнува градење вештини, гради позитивни односи меѓу играчите и создава заедници со меѓусебно разбирање и поддршка.

Минатата година на турнирот учествуваа 1366 натпреварувачи, а наградниот фонд изнесуваше 21 800 евра, колку што изнесува и оваа година. Турнирот започнува на 15 мај, а финалето ќе се одржи во Загреб на 10 јуни.

„Е-спортот не е само игра, туку заедница која ги поврзува младите, место каде се градат пријателства, стратегии и победи, и начин да се премостат сите граници. Искрено се надеваме дека Telekom Еsports Tурнирот ќе прерасне во традиција и предизвик за сите гејмери од регионот и пошироко.“ - изјави Радмила Димова, раководител за маркетинг комуникација и бренд.

Повеќе информации за Телеком eSport Championship можете да најдете на  esports.telekom.com.

26.04.2023 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега