Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја најави реализацијата на новиот Луна Парк, со тоа што официјално започна јавната набавка за негово проектирање и монтажа.

Паркот, најавен како ултра модерен и еден од најдобрите во регионот, ќе се протега на 84.000 квадратни метри и ќе понуди ролеркостери, водени атракции, виртуелна реалност, панорамско тркало и други реквизити.

Ѓорѓиевски посочи дека јавната набавка означува крај на децениските оддолговлекувања.

„Паркот ќе биде целосно прилагоден за лица со попреченост“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека паркот ќе има најсовремени системи за безбедност и видео надзор.

„По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.

Exit mobile version