Започна седницата на Советот за безбедност

 

Како што беше и претходно најавено, во 14.00 часот започна седницата за безбедност свикана од страна на шефот на државата Стево Пендаровски.

На седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

Инаку, Пендаровски изутринава јавно го сподели ставот дека ги осудува воените дејствија на Русија насочени кон Украина.

„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. 
Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. 

Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, изјави шефот на државата Пендаровски.

Во завршувањето на седницата на Вила Водно, дополнително ќе информираме за заклучоците.

 

24.02.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега