Close Menu
Press24
    Најново

    Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

    31.03.2026 во 13:22

    Алиу: Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом

    31.03.2026 во 13:00

    Полицајците со плус 2.470 денари на своите сметки

    31.03.2026 во 12:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ
    • Алиу: Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом
    • Полицајците со плус 2.470 денари на своите сметки
    • Почина поранешниот директор и тренер на Вардар
    • Паднаа потписи: Вработените во министерство за правда ќе земаат поголеми плати
    • Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“
    • (ВИДЕО) Фрковски: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа
    • Револуција во еколошката контрола: Се воведува дигитален регистар на загадувачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

    Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

    31.03.2026 во 13:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

    По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација.

    Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и меѓународните настани и состојби.

    Сиљановска-Давкова и Милатовиќ споделија видувања за евроинтеграциите во коишто Црна Гора е водечка земја-кандидат, а македонскиот пат е блокиран со условување со уште една од низата уставни измени, иницирани однадвор.

    Според нив, интензивните реформи, во духот на Копенхашките критериуми го европеизираат регионот, а пошироката трговска соработка и инфраструктура ја зајакнуваат неговата улога во европски рамки.

    Претседателите уште еднаш укажуваат на нужноста од брза реинтеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија, со оглед на високите безбедносни ризици, предизвикани од актуелните војни.

    Посебно значење за Милатовиќ и Сиљановска-Давкова има потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели, како важен чекор во комуникацијата на највиталните, најкреативните, најреформските и најевропските човечки ресурси – младите!

    Популарно

    Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

    31.03.2026 во 13:22

    Алиу: Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом

    31.03.2026 во 13:00

    Полицајците со плус 2.470 денари на своите сметки

    31.03.2026 во 12:46

    Почина поранешниот директор и тренер на Вардар

    31.03.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.