Жителите на скопската населба Нерези во општина Карпош по неколку децении ќе добијат нова и модерна водоводна мрежа, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со слабиот притисок на вода и честите дефекти во овој дел од градот.

Увид во теренските градежни активности извршија Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски, кои истакнаа дека се врши целосна замена на старата и дотраена инфраструктура која одамна го надминала својот век на употреба.

Ѓорѓиевски посочи дека по неколку децении, жителите на Нерези Конечно ќе добијат сигурна, модерна и квалитетна водоводна мрежа, чиста вода за пиење и нормален притисок во нивните домови.

Според него, ова е решавање на реален проблем, директно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и доказ дека се работи таму каде што е најпотребно.

Локалните власти најавија дека веднаш по завршувањето на подземните градежни активности ќе се пристапи кон асфалтирање на улицата, со што целиот простор ќе добие нов и уреден лик.

На крајот беше потенцирано дека продолжува посветената и одговорна работа за рамномерен развој на Скопје во секоја населба, со цел да се обезбедат современа инфраструктура и достоинствени услови за живот.

Exit mobile version