Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека според радарските снимки во државата е забележана нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи.
Врнежите и слабите грмежи се зафатени главно во планинските предели во централните, западните и југозападните делови од Македонија.
Според информациите од метеоролошките служби, нестабилност е регистрирана во планинските предели околу Солунска Глава, во регионот на Кичево, како и северозападно од Ресен.


