Запленети трактори и дрва - Две лица од Крушево ќе одговараат за илегална сеча

 


Вчера во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И.(57) од с.Борино, крушевско и А.И.(46) од с.Житоше, крушевско.

Тие биле затекнати како со трактори  без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили.

По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. 

22.10.2024 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега