Вчера во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ.
Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Актуелно
- Мицкоски во Брвеница: Вечева славиме за Македонија
- Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!
- Герасимовски: Центар е во сигурни раце
- ВЛЕН: Станавме втора политичка сила во државата
- ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 22 општини
- Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната, ние сме вашата опција
- Апасиец: Левица е прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром
- „Овие избори се јасен патоказ“: Филипче најави сериозни промени во СДСМ

