Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје спречија обид за нелегален влез на медицинска опрема во вредност од околу 16.000 евра. Турски државјанин се обидел без да ги пријави да внесе 116 забни импланти, скриени во неговиот личен багаж.
Имплантите биле откриени при редовна контрола, а дополнително е утврдено дека за овој вид стока се потребни посебни дозволи за увоз кои патникот ги немал. Поради обидот да ги изманипулира царинските контроли, против него е поднесена кривична пријава за „криумчарење“.


