Времето утре променливо облачно и посвежо со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Exit mobile version