Запалено „аудито“ на поранешниот тренер на ФК Охрид 2004 (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на ФК Охрид, а сегашен на Динамо Врање, Драган Антиќ во неделата околу пет часот останал без автомобил марка „Ауди“, откако  непознато лице му го запалило скапото возило.

Српските медиуми објавија и снимката на која може да се забележи како маскирано лице доаѓа до автомобилот, го полева со бензин и потоа го пали.

Антиќ претходно изјави дека знае кој стои зад инцидентот, па чека полицијата да го уапси.

– Немам дилема кој стои зад ова. Тоа го кажав и минатата недела. Јас во Врање немам непријатели, не му должам на никого. Ова се луѓе од Сурдулица – кажа Антиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа