Заострени контроли: Паднаа првите казни за компаниите кои ја прекршиле одлуката за замрзнување на цените на приборот


Инспекторатот затекна три компании кои не ја почитувале одлуката за замрзнување на цените на училишниот прибор.

Првата компанија е трговец на големо. За неа, поради непочитувањето на замрзнатите цени изречена е глоба од  над 452.000 денари, а заради неводење на трговска евиденција во вредност од над 200.000 денари.

Казнети се и два трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект издадена е глоба во вредност од над 452.000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект изречени се глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105.000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76.000 денари.

Надзорите се прават низ цела територија на Македонија, за Државниот пазарен инспекторат апелира до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката.

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.

13.09.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега