Close Menu
    Најново

    Заменик шеф на кабинет во Белата куќа: Никој не би се борел против САД за Гренланд

    06.01.2026 во 12:04

    (ФОТО) Коледарчињата стигнаа кај градоначалникот: Ечат коледарски песни во Илинден

    06.01.2026 во 11:41

    Со голф удри во млад скопјанец: Заврши зад решетки

    06.01.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Заменик шеф на кабинет во Белата куќа: Никој не би се борел против САД за Гренланд
    • (ФОТО) Коледарчињата стигнаа кај градоначалникот: Ечат коледарски песни во Илинден
    • Со голф удри во млад скопјанец: Заврши зад решетки
    • ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче
    • Силен земјотрес ја погоди Јапонија
    • Божикно интервју со Митрополит Пимен: До промени не се доаѓа преку промена на личности, туку преку внатрешната промената на личноста
    • Орбан: Унгарија нема да ја напушти ЕУ, Унијата ќе се распадне сама
    • Нов штрајк во Лувр: најпосетуваниот музеј во светот делумно затворен
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Заменик шеф на кабинет во Белата куќа: Никој не би се борел против САД за Гренланд

    Заменик шеф на кабинет во Белата куќа: Никој не би се борел против САД за Гренланд

    06.01.2026 во 12:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Висок функционер на Белата куќа вчера ги опиша тврдењата на САД за контрола на Гренланд како „формален став на американската Влада“, додека ја отфрли можноста за воен конфликт околу арктичкиот остров, јавува ДПА.

    На прашање на Си-Ен-Ен дали Вашингтон би ја исклучил употребата на сила за преземање на Гренланд, Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, рече: „Никој нема воено да се бори против САД околу иднината на Гренланд“.

    Тој изјави дека островот треба да биде дел од САД, додавајќи дека Трамп јасно го искажал својот став уште од почетокот на неговиот мандат пред речиси една година. Милер тврди дека како водечка воена сила на НАТО, на САД им е потребна контрола врз Гренланд за да го обезбедат арктичкиот регион.

    Тој, исто така, го доведе во прашање суверенитетот на Данска над територијата, прашувајќи врз која правна основа Гренланд ѝ припаѓа на Данска и зошто островот треба да остане „колонија на Данска“.

    Гренланд е дел од кралството Данска, но е во голема мера автономен и не е членка на ЕУ. Стратешки е важен поради богатството на суровини и како база за воена контрола на Арктикот.

    Трамп постојано повторуваше дека САД треба да го контролираат Гренланд од причини поврзани со националната безбедност, став што го повтори и во текот на викендот. Во саботата, објава на социјалните мрежи од поранешната владин советничка Кејти Милер, сопруга на Стивен Милер, покажа мапа на Гренланд во боите на американското знаме придружена со зборот „НАСКОРО“.

    Данска, нејзините нордиски соседи, Обединетото Кралство, Германија и Европската Унија вчера ги отфрлија тврдењата на САД, а данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека заканите на Трамп треба да се сфатат сериозно и ако САД одлучат да нападнат земја од НАТО, „сè запира“, пренесе ДПА.

    Популарно

    Подгответе ги чадорите: Денеска дожд – утре снег

    06.01.2026 во 10:09

    Православните христијани го слават Бадник

    06.01.2026 во 10:06

    Божикно интервју со Митрополит Пимен: До промени не се доаѓа преку промена на личности, туку преку внатрешната промената на личноста

    06.01.2026 во 11:00

    Шест работи кои не треба да ги правите за Бадник

    05.01.2026 во 20:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.