Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски со драматични детали: Полицијата разговарала со починатата жена во Карпош само неколку часа пред кобниот пад

    03.03.2026 во 13:33

    Тошковски: Сопругот на починатата жена е уапсен, претходно имал десет кривични пријави

    03.03.2026 во 13:30

    Нова трагедија ја потресе Македонија: 10-годишно момче почина по пад од тераса

    03.03.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски со драматични детали: Полицијата разговарала со починатата жена во Карпош само неколку часа пред кобниот пад
    • Тошковски: Сопругот на починатата жена е уапсен, претходно имал десет кривични пријави
    • Нова трагедија ја потресе Македонија: 10-годишно момче почина по пад од тераса
    • Македонците од Израел ќе се евакуираат со владиниот авион
    • Лефков: Филипче и Заев му дадоа државјанство на соработник на Путин
    • Жерновски: Оваа власт не сака во ЕУ
    • Лажно пријавил дека му го ограбиле домот – жител на Центар Жупа заработи кривична
    • УХМР со најнова прогноза: Утре променливо облачно, од четврток пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заменик министерот Исени: МВР е целосно посветено на развој на нови, современи и ефикасни услуги за нашите граѓани во странство

    Заменик министерот Исени: МВР е целосно посветено на развој на нови, современи и ефикасни услуги за нашите граѓани во странство

    26.11.2025 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска се обрати на настанот посветен на презентацијата на предлог-текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030, на кој присуствуваа и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претставници на институциите.

    Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја нагласи важноста на стратешкото и институционално унапредување на односите меѓу државата и нашите иселеници ширум светот, посочувајќи дека дијаспората претставува силен човеков, економски и општествен потенцијал кој мора континуирано да се негува и поттикнува.

    „Во високотехнолошката ера кога поврзаноста меѓу луѓето и институциите е темел на секојдневното функционирање, неопходно е максимално искористување на сите човечки потенцијали. Нашите сограѓани ширум светот секогаш биле значаен дел од државата и нивното знаење, искуство и врски со татковината се капитал кој мораме постојано да го надградуваме“, истакна Исени.

    Зборувајќи од аспект на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот потенцираше дека МВР е целосно посветено на развој на нови, современи и ефикасни услуги за граѓаните во странство – преку поедноставени процедури, дигитални решенија и подобрена координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

    „Нашата цел е секој наш граѓанин, без разлика каде живее, да добие сигурна, транспарентна и брза услуга. Ова не е само прашање на подобра поврзаност, туку и на заштита на правата на нашите иселеници и јакнење на врските со татковината“, нагласи Исени.

    Тој посочи дека јасното детектирање на приоритетите на дијаспората во однос на институциите е клучно за натамошни нормативни, технички и организациски подобрувања, како и за создавање функционални механизми кои ќе го олеснат нивното вклучување во развојните процеси на државата.

    Заменик министерот Исени истакна дека МВР останува целосно отворено за интензивна соработка со сите релевантни институции, со цел подобра и поефикасна инволвираност на дијаспората.

    На крајот, тој ја изрази довербата дека Министерството за надворешни работи, како носител на процесот, ќе го финализира документот на начин што ќе ги задоволи демократските стандарди, но и ќе даде силен поттик во градењето на долгорочни и стабилни врски меѓу државата и дијаспората.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“

    03.03.2026 во 09:40

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.