Заменик градоначалничката на Скопје си поднесе оставка: Се договоривме дека ќе го чистиме градот од ДУИ

Заменик градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази денеска поднесе оставка од функцијата.
Абази, која е од редовите на партијата Алијанса за Албанците, на денешната прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.
– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.
29.09.2022 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега