Залутан куршум завршил во задното стакло на автомобил во Чаир

Скопјанец пријавил во полиција дека задното стакло во неговото возило било оштетено од залутан куршум.

-На 16.05.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(33) од Скопје пријавил дека задното стакло на неговото патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на подрачјето на Чаир, било оштетено, додека позади задното седиште имало залутано зрно, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и зрното е подигнато за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега