Зајкова: Младите си заминуваат бидејќи не функционира системот

Лошиот квалитет на живот, партизираноста, лошиот стандард и непрепознавањето на квалитетот на младите се главните причини поради кои Младите си заминуваат од Македонија, вели за Детектор претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
Тоа се проблеми кои се таложеле низ годините, не се решавале и се ставале под тепих. Нашата генерација има задача да ги решава тие проблеми. Ние сме свесни, не можеме да се лажеме, дека ќе вратиме 100% од младите кои што си заминале. Младите може да размислуваат да се вратат само ако платите во странство им се изедначат со овие дома и квалитетот на живот се израмни со тоа ниво, вели Зајкова.
Според неа, уште позагрижувачки е процентот на граѓаните кои размислуваат да се вратат во Македонија.

05.02.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа