Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.
Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната и безбедносната поддршка.
Претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ја нагласи претходната соработка со Центарот за обука на пилоти, посочувајќи ги придобивките и значењето на оваа соработка за унапредување на одбранбените капацитети.
Пратениците, во своите излагања, ја потенцираа суштинската важност на соработката со
Државата Израел во областа на одбраната, како значаен елемент за зајакнување на националната и регионалната безбедност и стабилноста на Балканот.
- 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
- Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
- Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
- Израел со силен воздушен бран во Бејрут
- Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
- Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
- Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
- Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите

