Захарова за победата на Украина: Народни носии, музички инструменти, бабарога на жици и извици за Азовстал

 

На 66. Избор за песна на Евровизија во Торино, Украина победи убедливо, завршувајќи го натпреварувањето со 631 поен.

По претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, кој се огласи и рече дека ова е голема победа за Украина и дека светот ја препознал нивната храброст, реакција стигна и од Русија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци:

„ Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“ напиша Захарова.

15.05.2022 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега