Два нови случаи на врсничко насилство меѓу малолетнички се регистрирани во Скопје во текот на изминатите денови, информираат од Министерството за внатрешни работи.

М.Д.(52) од Скопје вчера во 13 часот во СВР Скопје пријавил дека во петокот (8 мај) околу 12 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. 

-Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, наведува МВР во дневниот билтен. 

Министерството извести за уште еден инцидент со ученици – Н.А.(43) од Скопје во неделата (10 мај) во 22:40 часот во СВР Скопје пријавил дека  околу 19:15 часот во училишен двор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, која ја познавала. И за овој случај ќе следува  соодветен поднесок по целосно документирање.

Exit mobile version