Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес, петок, околу 18 часот во близина на Бујановац, потврди Одделот за итни случаи на Здравствениот дом Бујановац.
Несреќата се случила на главниот пат (стар автопат) кон Врање, а според неофицијални информации, дошло до судир помеѓу два автомобила. Во несреќата се повредени неколку лица, кои со екипи на Брзата помош се пренесени во Здравствениот дом Врање.
Поради инцидентот, патот е целосно затворен за сообраќај, а полицијата врши пренасочување на возилата.


